(Видео) Заради инцидентот со Кејти Холмс од пред 20 години, на Том Круз му е забрането да има Бугати

На Глумецот Том Круз му е забрането да купи автомобил од брендот „Бугати“, заради инцидентот со бившата Кејти Холмс од пред 20 години. Во 2005 година, глумецот на црвениот тепих стигна со нов црн Бугати Вирон, на премиерата на филмот „Невозможна мисија 3“.

Го паркираше и излезе да ѝ ја отвори вратата на Холмс, но не очекуваше дека ќе има потешкотии. Едноставното отворање на вратата стана невозможна мисија за Круз, па од тогаш од компанијата го ставија на црната листа и му забранија да поседува каков било нивен автомобил.

Видеото на кое Круз се обидува да ја отвори вратата од совазачкото место е видено преку 2 милиони пати. На него изгледа како глумецот да се забавува. Покрај глумецот, забрана од „Бугати“ имаат и американскиот боксер Флојд Мејведер, бившиот возач во Формула 1 Џенсон Батон и британскиот водител Симон Ковел.

За потсетување, од компанијата објавија дека најевтиното „Бугати“ им чини 1,7 милиони, а поскапите модели се движат и до 18,8 милиони долари.

Scroll to Top