Легендарниот француски фудбалер и тренер, Зиденин Зидан, е пред потпис со клубот во агнлиската Премиер Лига, Тотенхем, пренесе британски „Телеграф“.
Зидан последната работа како тренер ја имаше во Реал Мадрид каде оствари големи резултати и освои многу трофеи. Веќе со недели се зборува и шпекулира околу неговиот следен ангажман. Најмногу го поврзуваа со француската репрезентација, но од тоа нема ништо.
Сегашниот селектор на Франција, Дидие Дешамп го продолжи договорот до 2026 година, па сега Зидан е пред потпис со еден од најсилните клубови во Премиер Лигата. Не се познати деталите, но фановите уште сега коментираат дека ќе биде интересно да се гледа 50 годишниот Зидан на клупата на еден од лондошките клубови.