Глумецот Бред Пит за списанието Best Performances откри која му е најдрага сцена во која имал секс. Пит се појави на насловната страница и раскажа детали за себе и за тоа кои му се најомилените страсни моменти што ги одглумил. Станува збор за сапуницата „Далас“.
„Се тркалав низ сено во штала и мислам дека немав текст. Само се тркалав“, рече Бред.
Во серијата Пит се појави во четири епизоди во улогата на Ренди, момчето на Чарли Вејд. За потсетување, заедно со Бред на насловната страница на Best Performances се најдоа и Зои Кравиц, Мишел Вилијамс, Брендан Фрејзер, Џенифер Лоренс, Маргот Роби и многу други.