Глумецот и водител Драган Маца Маринковиќ и неговата сопруга сакаат да посвојат ќерка, четири години откако Јована во спонтан абортус ги изгуби нивните три бебиња. Во интервју Маца раскажа дека тие почнале процедура за посвојување дете во Црна Гора.
„Се сретнав со директорот на Домот за незгрижени деца. Прво мислев дека ќе посвојам дете од Србија, но тука околу 10.000 луѓе имаат поднесено барање за посвојување. Ситуацијата во Црна Гора е сосема поинаква. Со Јована веќе поднесовме барање, имавме неколку состаноци, но треба да поминеме уште многу процедури за да стигнеме до крајот“, рекол Маца за „Свет“.
Босанскиот глумец веќе седум години е во брак со 20 години помладата Јована. Таа беше бремена со тројки, кои ги загуби со спонтан абортус во 2018 година.
„Јована заслужува да има деца, но ете, ние поминавме низ една тешка ситуација, па ако даде Бог, ќе станеме родители. Јас би сакал и 20 деца да имам и никој нема да е гладен. Може да имаме 11, фудбалски тим, да живееме на хациенда и ние 13 да седиме на маса и јадеме“, рече во една прилика Маца.
Тој веќе има три деца со претходните партнерки, два сина и една ќерка, а вели дека Јована одлично се сложува со нив.