Правењето снешко согорува 300 калории и ги зајакнува мускулите

Правењето снешко согорува околу 300 калории, а ги зајакнува и мускулите, вели Андреј Тјажелников, стручњак-соработник на Одделот за здравство во Москва. Тој вели дека ова е одличен начин за слабеење.

„Снешкото согорува околу 300 калории, а ги вежба и мускулите на грбот и рацете. На крајот на краиштата, тркалањето снежни топки бара енергично движење во топла облека. Значи, колку повеќе снешковци, толку повеќе калории се согоруваат и побрзо се слабее“, рече Тјажелников за руските медиуми.

Според него, може да се изберат и други активности за побрзо слабеење, но и за минување повеќе време со семејството, како џогирање или одење со скии, што е добро за целото тело. Дури и едноставна прошетка низ парк носи здравствени придобивки.

„Голема придобивка од сите зимски активности не е само во вежбање на мускулите и согорување калории, туку и производство на хормонот на радоста, серотонин, кој е многу корисен за здравјето“, вели Тјажелников.

Тој смета дека и санкањето помага во согорувањето калории, а истовремено е и здрава кардиовежба. Истовремено тој препорачува внимателност, оти статистиката за оваа активност покажува висока стапка на повреди.

Scroll to Top