Автобиографијата на принцот Хари „Спеар“ е најпродаваната книга во историјата, објави издавачот, откако веќе се продадени 400.000 примероци во електронски, аудио и класични формати на книги.
„Отсекогаш знаевме дека оваа книга ќе успее, но ги надминува дури и нашите највисоки очекувања“, изјавил Лери Финлеј, директор на Трансврлд Пингвин Рандом Хаус.
Книгите на Хари Потер досега беа најпродаваните при пуштање во продажба уште првиот ден, вели Финлеј.
Книгата на принцот Хари, чие издание на шпански јазик по грешка беше објавено порано од планираното, официјално излезе во продажба во вторникот.
Книгата веќе привлече внимание во некои делови од светот за обвинувањата на Хари против неговиот татко, кралот Чарлс III, неговата сопруга Камила и неговиот постар брат, принцот Вилијам.