Салт Бае објави фотографија со Макрон, па ги налути фановите: И него ли го влечеше за рака за да се фотографирате

Познатиот турски готвач Салт Бае се пофали со фотографија со францускот претседател Емануел Макрон. Фановите на готвачот се пошегуваа со Бае и го прашуваат колку пати го влечел за рака претседателот само да се слика со него, други пак му искоментираа дека им е мило што гледаат како пропаѓа.

Салт исто така собра негативни коментари и на фотографиите со позната знаменитост на Париз, и фановите му порачаа дека тоа не е пехарот од првенството и дека не треба да го допира.

Да потсетиме, по победата на Аргентина на Светското првенство, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Меси се обидува да му побегне на Нусрет. Турскиот готвач се обиде да му се приближи на фудбалерот фаќајќи го за рамо и влечејќи го за рацете, за да му подаде рака. На лицето на Меси, но и на говорот на телото можеше да се види колку му е непријатно и колку сака што побрзо да се оддалечи од него.

Scroll to Top