Желка на Галапагос снесе над 800 јајца и го спаси својот вид од изумирање

Желката Диего на островот Галапагос, го спаси својот вид од изумирање така што снесе повеќе од 800 јајца. Експертите велат дека имал изразен сексуален нагон. Пред две години бил однесен во Националниот парк Галапагос, каде на островот Санта Круз учествувал во програма за размножување.

„Тоа е крај на една ера. Затвораме важно поглавје“, рече тогаш министерот за животна средина на Еквадор, Пауло Проањо Андраде. Диего со децении се размножуваше во контролиран простор за да го спаси својот вид од изумирање, а во јуни 2020 година е испратен во родното место, ненаселениот остров Еспањол.

Таму ги помиува посследните денови заедно со уште 14 мажјаци. Претставниците на Националниот парк рекоа дека Диего направил најмалку 40% од 2000 желки колку што живеат таму, благодарение на високото либидо. Денес Диего има 103 години и тежи околу 80 килограми.

Се верува дека оваа желка научниот тим ја однел од Галапагос пред 80 години, а потоа престојувала во Зоолошката во Сан Диего. Пред педесетина години е вратена на Санта Круз, каде е сместена во програмата за размножување со 15 други желки. Тогаш постоеле само два мажјаци и 12 женки од неговиот вид.

Scroll to Top