Зголемен е бројот на пријавени НЛО во САД за 2022 година, покажуваат извештаите на Пентагон

Соединетите држави собраа 510 извештаи во 2022 година за неидентификувани летечки објекти (НЛО), од кои многу летале во чувствителен воен воздушен простор.

И покрај недостигот на докази за вонземјани, тие сепак претставуваат закана, се вели во извештајот на американската влада.

По анализата било утврдено дека повеќето извештаи зборуваат за објекти со „незабележливи карактеристики“ и дека тие може да се окарактеризираат како системи на беспилотни летала или објекти слични на балон.

„Средбите со НЛО се случуваат во ограничен или чувствителен воздушен простор, што предизвикува загриженост за безбедноста на летот или активностите за собирање податоци од страна на противниците“, се вели во извештајот на Канцеларијата на директорот на националното разузнавање за 2022 година.

Минатата година, Пентагон ја отвори Канцеларијата за решавање на аномалии во сите домени, која исклучиво се фокусираше на примање и анализа на сите извештаи за неидентификувани појави, од кои многу беа пријавени од воени пилоти, а Канцеларијата соработува со разузнавачките агенции за понатамошна проценка на тие појави инциденти.

Scroll to Top