„Делии“ го поддржаа Антиќ: Не те сакаат затоа што си наш

Поранешниот македонски кошаркар и актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ доби поддрша од српската навивачката група „Делии“. Тие среде натпревар извадија транспарент и му посветија на Антиќ како поранешен кошаркар на Црвена ѕвезда.

„Не те сакаат затоа што си наш, најдобро чувство е кога си ѕвездаш. Перо Антиќ“, напишаа „Делии“ на транспарентот.

Ваквата реакција на „Делии“ следува откако Антиќ се појави во црвен дуксер на кој пишување „Црвена ѕвезда“ на ракометниот меч помеѓу легендите и актуелниот состав на ракометната репрезентацијата.

Навивачката група „Комити“ испратија критики и коментари до Антиќ зошто не дошол во дресот на македонската репрезентација.

Антиќ фотографијата ја сподели на Инстаграм.

Инаку Антиќ беше кошаркар на Звезда од 2005 од 2007, и потоа на крајот на кариерата од 2017 до 2018 година.

Scroll to Top