Роналдо се сврши со 14 години помлада девојка: поранешната жена меѓу првите му ја честиташе веридбата

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо Луис Назарио де Лима ја побарал за жена 14-години помлада девојка, моделот Селина Локс. Ова ќе биде трет брак за фудбалерот, а прв за манекенката.

Селин на својот Инстаграм објави фотографии од одморот на Карибите на кои позира до Роналдо со свршеничкиот прстен и порака: „Да, се согласувам. Те сакам, засекогаш“.

Меѓу оние кои му честитаа први е и поранешната жена на Роналдо, Милене Домингес, која напиша: „Среќна сум за тебе. Господ секогаш да те благослови и чува. Да живее љубовта“.

Роналдо и Милене беа во брак од 1999 до 2003 година. Во февруари 2005 година, тој се ожени со моделот Даниела Цикарели, меѓутоа подоцна се покажа дека тие официјално не станале маж и жена бидејќи ниту еден од нив не го финализирал разводот од претходните партнери пред да се венчаат. По Даниела, Роналдо беше во брак со Марија Беатрис Антони од 2008 до 2012 година и заедно имаат две ќерки.

Фудбалерот со Селина (32) е седум години.

Scroll to Top