Дизајнерот Тони Матичевски омилен во Холивуд, комичарката Челси Хендлер носеше негов фустан додека ги водеше Критикс чојс наградите

Комичарката и глумица, Челси Хендлер, носеше портокалов фустан од Тони Матичевски на доделувањето на Критикс чојс наградите. Таа беше водителка на церемонијата, па меѓу првите се појави на црвениот тепих и откри дека избрала креација од македонскиот дизајнер. Фустанот, кој ја следи линијата на телото и е со едно голо рамо, Челси го комбинира со златен накит.

Матичевски последните неколку години постојано креира за холивудските ѕвезди. Негови креации често носат глумиците Ева Лонгорија и Кристен Стјуарт и германскиот топ модел Хајди Клум.

 

Scroll to Top