Бивши италијански репрезентативец загрижен по смртта на Вијали и Михајловиќ: На времето ни даваа сè и сешто, имаше многу допинзи, а малку контроли

Поранешниот италијански фудбалер Дино Баџо, отворено зборуваше за времето кога заедно играше со Џанлука Вијали и призна дека е загрижен од неговата прерана смрт и смртта на Синиша Михајловиќ.

„Прерано заминаа. Ме загрижи тоа што на времето додека игравме земавме сè и сешто. Секогаш имаше допинзи. Поедини додатоци во исхраната која ја земавме може сега да ни стигне за наплата години по завршувањето на кариерата. Не ми е сеедно, тоа им се случува на голем број поранешни фудбалери. Треба да се истражи дали има некаква врска меѓу тие суплементи и болестите од кои заболеа и рано починаа некои од нашите колеги“, рече Баџо за италијанските медиуми.

„Во 90-тите кога игравме имаше многу допинзи, а малку контроли. Многумина кои ги земаа, подоцна отоврено признаа за проблемите со кои се соочија“, додаде тој.

Прераната смрт на Михајловиќ и Вијали повторно покрена расправа околу земањето на допингот во таа доба во италијанското првенство. На Вијали во 2017 година му беше дијагностициран рак на панкреасот, поради што мораше да се тргне од местото шеф на италијанската делегација по две години. Му беше еден од најважните луѓе во стручниот штаб на Роберт Манчини, во чие време Италијанците станаа европски шампиони.

 

 

Scroll to Top