Почина најстарата личност во светот, 118-годишната калуѓерка Андре. Таа починала во пензионерки дом во францускиот град Тулон.
Во април 2022 година, Геронтолошката истражувачка група ја прогласи Лусил Рандон или сестра Андре за најстарата личност во светот, по смртта на тогаш 119-годишната Јапонка, Кана Танака.
Сестра Андре е родена на 11 февруари 1904 година, а во текот на 2022 година била позитивна, но и го преживеала коронавирусот.
„Велат дека работата убива, но работата ми помогна да живеам цело време. Работев до 108 години”, изјави сестра Андре во интервју за медиумите минатата година кога официјално беше прогласена за најстарата личност на светот.