(Видео) „Плус сајз“ манекенки и топ-модели рекламираат долна облека од „Викторија сикрет“ за Денот на вљубените

Девет манекенки, меѓу кои и моделот Бела Хадид во долна облека позираа за најновата празнична колекција на „Викторија сикрет“. Тие се заштитни лица на најновата кампања посветена на Денот на вљубените.

Брендот дизајнираше специјална колекција на долна облека за жени, изработена според сите форми и пропорции на женските тела, па меѓу оние кои што ја промовираа линијата има и плус сајз модели. Сепак најголемото внимание го привлече Бела Хадид. 26-годишната манекенка години наназад важи за една од најубавите жени во светот, па пред неколку пак се најде на листата на најубави жени, и според изборот на светската јавност го зазеде третото место.

 

 

Scroll to Top