Златан Ибрахимовиќ се појави на премиерата на филмот „Астерикс и Обеликс: средното кралство“ во Франција. Фудбалерот на Милан на црвениот тепих дојде со сопругата Хелена Сегер, која воодушеви со стилот и златниот фустан што го носеше. Ибрахимовиќ, пак, избра црна комбинација – елегантно одело и кошула.
Ибрахимовиќ во новиот филм глуми негативец, војсководецот Антивирус, на кого Цезар му доверува задача да го уништи непобедливото галско село, единствената територија во Галија која ја нема освоено.