Христијан Ниневски по трет пат го фати крстот во Вардар

Скопјанецот Христијан Ниневски (28) и годинава беше најсреќниот од околу 130 верници кои се фрлија по светиот крство водите на реката Вардар.

Ова е трет пат за Ниневски да го извади светиот крст од водите на реката Вардар,а негов осми пат да учестува на манифестацијата за „Водици“.

Осветувањето на водите на Вардар и положување на Светиот крст во Скопје се одржа точно напладне на мостот „Слобода“ кај Холидеј ин.

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан го положи светиот крст во водите на реката Вардар во Скопје по повод празникот Богојавление – Водици.

Во водите на Вардар по крстот се фрлија околу  130 верници. Пријавените биле полнолетни,проверени на спортска медицина, а некои од нив биле и спортисти.

Минатата година поради пандемијата, учествуваа само 30-тина пријавени граѓани, го избегнаа традиионалното пливање и сите заедно прегрнати го дочекаа положувањето на крстот. Капачите по излегувањето од водата изјавија дека сакале да испратат порака за единство, братство и сплотеност.

 

Scroll to Top