Почина Брус Говерс, режисерот на спотот за „Боемска рапсодија“

На 82 години почина британскиот режисерот Брус Говерс кој го режисираше спотот за песната „Боемска рапсодија“ на „Квин“.

„Брус беше архитектот на спотот за „Боемска рапсодија“. Ќе ѝ недостига на рок заедницата“, изјавил гитаристот на „Квин“, Брајан Меј.

Снимањето на спотот траело три часа и чинело 3.500 фунти. Говерс во една прилика кажа дека го платиле 590 долари за работата.

„Боемска рапсодија“ е третиот најпродаван сингл на сите времиња во Велика Британија, каде што девет недели беше број еден на топ-листата во 1975 и потоа повторно во 1991 по смртта на Фреди Меркјури.

Scroll to Top