Македонскиот шахист Емил Ристески освои прво место на турнир во Србија

Македонскиот репрезентативец Емил Ристески освои прво место на опен турнирот во забрзан шах кој се одржа во Параќин, Србија.

Ристески титулата ФИДЕ-мајстор ја доби по време за размислување од 10 минути, плус пет секунди по секој одигран потег по играч.

Тој играше во конкуренција на 79 шахисти од 10 држави, Македонија, Ерменија, БиХ, Либија, Монголија, Романија, Русија, Турција, Бугарија и Србија.

Ристески по девет одиграни кола освои осум поени, седум победи и две ремија, но и 52,5 нови рејтинг-поени.

Scroll to Top