Македонските ракометари по три порази на Светското првенство, денеска ја имаа првата победа против Алжир.
Ракометарите го победија Алжир со 15 гола разлика. Крајниот резултат беше 40 -25 за Македонија.
Ова беше прв натпревар во рамки на Президент Куп на Мундијалот каде што играат осумте најслаби селекции на овој Мундијал. На 23-ти во понеделник ракометарите ќе одиграат натпревар против Мароко.
За потсетување, претходно Македонија загуби од Норвешка, Холандија и Аргентина.
Фото: РФМ Фејсбук