(Видео) Брега и Ердоган се држеа за раце на Денот на Ромите во Турција, во позадина пееше Есма Реџепова

Познатиот балкански музичар Горан Бреговиќ настапи во Истанбул во Конгресниот центар Халич, на „Средба на Ромите 2023 – Заедно ги пишуваме вековите на Ромите“.

Таму беше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со кого Брега се држеше за рака на сцената. На крајот од вечерта турскиот претседател му врачи плакета на Бреговиќ.

Популарниот Брега со бендот настапи со композицијата „Ерде Лези“, а на сцената беше пуштено и видео од песните на ромската кралица на музиката Есма Реџепова, на која и беше оддадена посебна почит. И Ердоган уживаше во нејзината музика во публиката.

Ердоган им се обрати на Ромите со браќа и сестри и им објасни дека детството го поминал со деца како нив и дека пораснал заедно на истите улици, делел ист леб, радост и тага.

 

[/video]
[/video]
[/video]

 

Scroll to Top