Папараците ја снимија Џенифер Лопез додека го снимаше новиот филм во Лос Анџелес. Ја снимија на сетот додека врнеше, а на себе носеше специјален костим и беше со модрици на лицето.
Беше облечена во лежерен зимски ауфит. Широк сив џемпер, а врз него сива јакна со крзнена постава и џебови на градите и ракавите. Носеше и големи истрошени црни панталони и цврсти кафени планинарски чизми, а на главата сива волнена капа.
Лопез која беше видена како самата се шминка меѓу снимањето, имаше лажни модрици на лицето, кои се вообичаени за акциските филмови. „Мајката“ е нејзиниот најнов филм. Режисер е Ники Каро од Нов Зеланд. Каро е позната и по нејзините филмови Whale Rider и филмот на „Дизни“ од 1998 година „Мулан“.
Лопез во трилерот глуми бивш убиец која иако се обидува да го остави крвавото минато зад себе, сепак повторно ја превзима таа улога за да ја заштити отуѓената ќерка, додека други убијци ѝ се зад петтите.