Синот на легендарниот фронтмен на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски, Кристијан , објави емотивна порака за годишнината од смртта на неговиот татко.
„Недостигаш тато. Ништо помалку не болиш од претходно. Се борам со некоја тага во себе како со ветерници, попусто. Спиј мирно, тато. Тука си, те чувам. Сите те чуваме. Спиј мирно“ – напиша Кристијан.
На годишнината од смрта на Аки на гробиштата во Загреб осамнаа букети свежо цвеќе и шишиња со „Скопкско“ омиленото пиво на Аки кои ги оставија неговите обожаватели.
Аки Рахимовски почина лани на 22 јануари на 66 години. Беше фронтмен на култната „Парни ваљак“ основана во 1975 година. Со „Парни ваљак“ сними десетици албуми и одржа низа концерти на просторите на поранешна Југославија.