Пејачот Даниел Кајмакоски објави фотографии од венчавката. Фотографиите се од моментот кога со неговата избрничка си разменуваат прстени.
„Те сакам, не само поради тоа што си, туку поради тоа што сум јас кога сум со тебе. Ти благодарам што ја изнесе најдобрата верзија од мене“, напиша Кајмакоски.
Пејачот во саботата објави стори на Инстаграм дека втор пат се оженил и напиша „штотуку венчани“.
На Кајмакоски ова е му е втор брак. Тој беше оженет со манекенката Кристина Димитри, со која го има синот Давид.
Љубовната врска со неговата сегашна сопруга ја објави лани летото, кога ја донесе и во Охрид и ја шеташе во Св. Наум. Инаку пејачот во последниве години живее во Белград, каде има настапи со својот бенд, а пее и во кабаре во познат ноќен клуб.
View this post on Instagram