Српската пејачка Јелена Карлеуша искоментира дека новата колекција на модниот дизјанер Даниел Роузбери која ја претстави на Модната недела во Париз и со која и оддаде почит на Елиза Скиапарели за неа не е модна, туку промовирање на насилство.
„Едно големо не од мене. Ова не е мода и ова не е уметност. Пораката овде е промовирање на насилството. Невкусно, вознемирувачко и погрешно“, напишала пејачката.
На ревијата и црвениот тепих на Модната недела познати светски манекенки се појавија во креации на чии фустани имаше сошиено глави од најразлични животни.
Ријалити ѕвездата и инфлуенсерка Кајли Џенер (25) се појави со огромна лавовска глава закачена на црниот фустан.
View this post on Instagram
Слични креации носеа и манекенките Наоми Кембел (52) и Шалом Харлоу (49). Наоми прошета по пистата во долг црн капут направен од вештачко крзно, на кој беше прикачена глава на волк. Шалом носеше фустан со глава на бел тигар. Многумина ги опишаа нивните фустани како излитени, а моделите ги споредија со главните негативци во филмовите.
View this post on Instagram
На ваквата креација на Кајли реагираше здружението за заштита на животните во светот ПЕТА.
„Изгледот на Кајли ја слави убавината на лавовите и може да биде изјава против ловот на трофеи, во кој семејствата на лавови се одвоени за да ја задоволат човечката себичност“, коментираше за TMZ Ингрид Њукирк, претседателка на ПЕТА.
Таа додаде дека ваквата модна порака само покажува дека каде има волја има и начин, а пофалбите на здружението за изгледот на Кајли ја изненадија јавноста.