Влатко Стефановски наполни 66 години и славеше со Јан: Најсреќен сум што јас ти се паднав за син

Јан Стефановски со заедничка фотографија му го честиташе 66. роденденот на неговиот татко, македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски.

„Среќен роденден на најдобриот татко/ментор/музичар на цела планета. Најсреќен и најблагодарен сум што јас ти се паднав како син. Многу љубов“, напиша Јан.

Јан свири на тапани и е дел од бендот Влатко Стефановски Трио, заедно со Иван Кукиќ кој свири на бас гитара.

Во интервју за Репортер, Јан откри дека не му пречи да го претставуваат како си на Влатко Стефановски, бидејќи го гледа како татко цел живот, настрана што тој е познат гитарист и има изградено име.

„Секако дека сум горд на него, но искрено кога ќе кажат „еј син на Влатко“, па јас сега да паѓам во несвест, не можам, затоа што тој пред се ми е татко“, откри Јан.

Како син на познат музичар со кој свират заедно во бенд знаат обострано да се критикуваат, но и да си се пофалат. Тој Влатко го гледа како негов родител, з акој вели дека не е комплетно попуслив, ниту многу ригорозен.

„Океј е, супер татко е. Многу го почитувам и го сакам“, рече Јан.

 

Scroll to Top