Ријана првпат номинирана за „Оскар“

Пејачката Ријана годинава за првпат е номинирана за Оскар. За златната статуетка ќе се трка со Лејди Гага во категоријата за најдобра оригинална песна. Нноминирана е со песната „Крени ме нагоре“ од филмот „Црниот Пантер: Ваканда Засекогаш“, а Лејди Гага со „Држи ме за рака“, од филмот „Топ Ган: Маверик“.

Иако е седумкратна добитничка на „Греми“, за Ријана ова е прва номинација, додека Лејди Гага веќе го освои Оскарот во оваа категорија во 2019 година за филмот „Ѕвездата е родена“. Многумина филмски критичари сметаат дека и оваа година златниот кип ќе заврши кај Лејди Гага.

Многумина шпекулираа дека во истата категорија ќе биде номинирана и Тејлор Свифт, но нејзината номинација за песната „Каролина“ од филмот Where the Crawdads Sing изостана.

Scroll to Top