Лијам Хемсворт ја изневерил Мајли Сајрус со 14 жени, една од нив е Џенифер Лоренс, пишува „Дејли мејл“

Глумецот Лиам Хемсворт ја изневерил бившата Мајли Сајрус со 14 девојки. Меѓу нив била и Џенифер Лоренс, пренесе „Дејли Мејл“. По гласините за аферата, глумицата првпат е видена во јавност во средата, а досега нема дадено никаков коментар за новинарите.

Лоренс во 2021 година со Хемсворт го снимија филмот „Игра на Гладта“. На премиерата дојде во златен фустан, а ист таков носеше и Сајрус во новиот музички спот Flowers кој го сними во куќата во која Хемсворт ги носел љубовниците. Песната ја објави на неговиот роденден, а многумина мислат дека му ја посветила.

За потсетување, Лиам и Мајли се запознаа во 2009 година на снимањето на филмот на „Дизни“, The Last Song. Се свршија во 2012 година и важеа за еден од паровите во Холивуд кои имаат долга врска. Се венчаа во 2018, а месец дена подоцна соопштија дека се разделуваат.

 

 

 

Scroll to Top