Марк Ентони се ожени четврти пат, пејачот се венча со бивша мисица на Парагвај

Марк Ентони се венчаше по четврти пат. Новата сопруга е Надија Фереира, бивша натпреварувачка за Мис од Парагвај, а свадбата ја направија викендов во музејот Перез Арт во Мајами. Меѓу гостите имаше голем број познати ѕвезди како Дејвид и Викторија Бекам, Селма Хаек, Луис Фонси, Малум и други.

Надиа носеше бела венчаница од брендот „Галија Лахав“, а косата и беше собрана во пунџа. Ентони одбра класично црно одело од „Кристијан Диор“, искомбиниран со свечена кошула. По церемонијата Надиа облече бела јакна со светкави детали и објави фотографии на кои го покажа прстенот.

Фотографии објави и Викторија Бекам.

„Ви честитам. Ве сакаме многу и чест ни е што сме дел од вашиот посебен ден и да ја славиме вашата љубов“, рече сопругата на Бекам.

Меѓу присутните беше и Селма Хаек која носеше деколтиран фустан. Позираше на „Инстаграм“ во тиркизен фустан до подот. Марк и Надија почнаа да се забавуваат на почетокот на 2022 година, а живееја и заедно во Мексико. Врската ја потврдија во март, а во мај истата година се свршија.

За потсетување Марк Ентони од 2000 до 2004 година беше во брак со Дајанара Торес. Со Џенифер Лопез беше 10 години и со неа ги има близнаците Ема и Максимилијан. По неа се ожени со Шенон Де Лима со која беше три години.

Scroll to Top