Ози Озборн ја откажа турнејата низ Европа

Ози Озбор ја откажа турниејата низ Европа. По тешката операција на р’бетот рече дека не е физички способен да настапи на концертите кои му беа закажани во мај и јуни. Се повреди во 2019 година кога падна кај него дома. Беше повреден и од сообраќајка во 2003 година, а сега само ги влоши работите.

По несреќата настапи на церемонијата на затворањето на Игрите на Комонвелтот во Бирмингем во 2022 година и НФЛ натпревар во САД во септември.

„Ова е една од најтешките работи кои ги споделувам со фановите. Пред четири години доживеав голема несреќа во која го повредив р’бетот. Единствена цел периодов ми е да се вратам на сцена“, рече Озборн.

Рече дека сè му е во ред со гласот, но дека по трите операции, третманот со матични клетки и физикалните терапии, телото сè уште му е слабо. Ги пофали фановити кои периодов трпеливо чекале за влезници.

„Никогаш не можев да замислам дека турнејата ќе ми заврши на ваков начин. Тимот во моментов бара начин како може да настапам, а да не морам да патувам од град во град и од држава во држава“, рече Озбор и им заблагодари на фановите, екипата, семејството и бендот Judas Priest.

За потсетување, пејачот чие вистинско име е Џон Озбор, низ хеви-метал кариерата е познат како Princ tame. Главен вокал беше на хеви-метал бендот Black Sabbath кој го основа во 1969 година со гитаристот Тони Иоми, басистот Гизер Батлер и тапанарот Бил Ворд.

Глумеше и во емисијата The Osbournes која го документираше животот на неговото семејство во Лос Анџелес. Минатата година рече дека со 70 годишната сопрга Шерон, која е бивша судијка во емисијата America’s Got Talent и The X Factor, се преселија од САД во Англија.

Парот се запозна кога Шерон имаше 18 години, а се венчаа на 4 јули 1982 година на Хаваите. Заедно имаат три деца, Ејми, Џек и пејачата Кели. Последниот негов албум Patient Number 9 е објавен во септември и стигна на второто место на британската топ листа.

 

Scroll to Top