Емина Јаховиќ потрошила 15.000 евра на пет операции за носот и ботокс

Пејачката Емина Јаховиќ потршила 15.000 евра на третмани и медицински интервенции, за да го добие совршениот барби нос, пренесуваат српските медиуми и пишуваат дека таа наводно пет пати го оперирала носот.

Таа неодамна се појави на најпопуларните МАС награди, а медиумите пишуваат дека десетина дена пред да се одржат наградите таа била во Инстанбул, каде направила јаболчници, ги затегнала очните капаци, лицето и вбризгала ботокс и го освежила со најновата метода со хијалуронска киселина.

Емина никогаш не криела колку е важен изгледот за нејзината работа, но секогаш молчела за деталите од нејзините интервенции. Откако таа се појави на овогодинешното доделување на MAC наградите, нејзиниот подмладен, освежен изглед беше предмет на шпекулации на социјалните мрежи за тоа што таа сменила на нејзиното лице.

„Секоја жена сака да изгледа убаво, покрај мајка ми имав пример дека треба да се грижам за телото, лицето и душата. Мојата работа е таква што морам да изгледам убаво на сцената, иако приватно сакам да шетам без шминка и бидам опуштена“, изјавила пејачката за „Старс“.

Пејачката знае да објави фотографии без шминка на нејзиниот профил, но ретко споделува некои постари слики, од почетокот на кариерата.

 

 

Scroll to Top