Елен Деџенерис и нејзината партнерка Порша де Роси ги обновија свадбените завети. Поминаа 15 години откако првпат се венчаа во нивниот дом во Лос Анџелес.
Порша ја носела истата венчаница од Зак Позен со која во 2008 година се венчала со Елен. Ова било изненадување за водителката бидејќи таа мислела дека ќе присуствува на роденденската прослава на Порша.
Изненадувањето било кога Бренди Карлајл ја извел песната „Прв пат кога го видов твоето лице“ за време на вечерата. Додека Порша влгува во собата во невестински фустан, држејќи бели рози, а Деџенерис изгледа изненадена.
Таа сподели и видео на Инстаграм од моментот на свеченоста.
„Портша ме изненади на нејзината роденденска забава со обновување на нашите завети. Им благодарам на Крис Џенер и на Бренди Карлајл, и на Порша што ми беше најголемиот подарок, дури и на сопствениот роденден“, напиша Елен.