Хајди Клум сака да стане мајка и во шестата деценија

 

Германската манекенка Хајди Клум планира да стане мајка на 50 години, открива таа во интервју за тв шоуто The Jennifer Hudson Show.

Џенифер Хадсон разговарала со манекенката за нејзините планови за претстојниот 50-ти роденден, и ѝ поставила прашање за мајчинството.

„Дали би сакале да имате уште едно бебе?“, беше прашањето на новинарката.

Хајди на ова одговорила дека се двоуми околу ова прашање, па кажа дека веќе тоа четири пати го направила.

„Секој пат доев по осум месеци, а после тоа повторно забременив”, рекла манекенката, раскажувајќи дека има четири деца – Лени, Хенри, Јохан и Лу, кои ги имаше во брак со пејачот Сил.

Сепак на прашањето дала конкретен одговор “долго чекав, па можеби – да“.

Scroll to Top