Поранешната Плејбој-зајачица Памела Андерсон го промовира нејзиниот прв документарен филм „Памела – љубовна приказна“ во креација од македонскиот дизајнер Тони Матичевски. Таа на Инстаграм објави фотографија со која им се заблагодари на фановите за пораките и поддршката откако го гледале документарецот на „Нетфликс“, а истата слика ја објави и Матичевски. Тој откри дека кошулата е од новата рисорт колекција за сезоната 2023.
Матичевски изминатиов период е меѓу омилените холивудски дизајнери, па негови парчиња често носат Ева Лонгорија, Хајди Клум, Кристин Стјуарт и други.