Бил Гејтс рече дека им верува на вакцините, а патувањето на Марс му е бесмислено

Еден од најбогатите луѓе на планетава, Бил Гејтс рече дека верува во вакцините и вештачката интелегенција. Исто така објасни дека патувањето на Марс му е бесмислено и дека не вреди да се трошат толку пари за истражување на вселената.

„Патување на Марс е прилично скапо. Со тие пари може да купите вакцини против мали сипаници. За само 1000 долари можете да спасите многу животи“, рече Гејтс.

За разлика од него други милијардери се фасцинирани од вселената и трошат милијарди за нејзино истражување. Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, британскиот тајкун Ричард Бренсон од империјата „Вирџин Галктик“ и сопственикот на „Твитер“, „Спејс Икс“ и „Тесла“, Илон Маск се само некои од нив.

Маск неколку пати досега рече дека сака да основа колонија на Марс. Почна да вложува во вселенска технологија во 2002 година, а Безос пред нешто повеќе од две години. Со компанијата Blue Origin веќе за кратко патуваше и надвор од Земјината орбита.

За разлика од нив Бил Гејтс вложува во фармацевските производи. Смета дека со развојот на фармацевството драматично ќе се смени човештвото. Ќе се подобри ефикасноста на лековите и вакцините. Ги коментираше и заговорите кои се шират дека е поврзан со ширењето на коронавирусот.

Рече дека бил изненаден од ваквите шпекулации и дека добил милиони пораки дека ја предизвикал пандемијата.

„Вистина е дека сум поврзан со вакцините. Но, вакцини кои ги спасуваат луѓето“, рече Гејтс и објасни дека луѓето го сметаат за негативец, затоа што повеќе сакаат драми од едноставните објаснувања.

Долго време вложува голем дел од богатството во унапредување на глобалното здравје, а во исто време и во борбата против климатските промени и искоренувањето на гладтта и голем број болести.

 

Scroll to Top