Кит Харингтон и Роус Лесли чекаат второ дете

Ѕвездите од серијата „Игра на тронови“, Кит Харингтон и Роуз Лесли ќе станат родител втор пат.

Актерот ја потврди веста во шоуто на Џими Фалон „The Tonight Show“. Парот веќе има едно дете, двегодишен син, кој сега, како што вели актерот, се подготвува за доаѓањето на неговиот брат или сестра.

„Се обидуваме да го подготвиме за тоа, покажувајќи му го стомакот и кажувајќи му дека има ново бебе внатре“, рече Кит во емисијата.

Харингтон, кој се прослави со улогата во серијата „Игра на тронови“ и Лесли, која ја игра Игрит, неговата прва љубов во серијата, се запознаа за време на снимањето.

Медиумите првпат ги поврзаа во 2012 година, а врската ја официјализираа четири години подоцна, односно во 2016 година.

 

Scroll to Top