Двајца Македонци освоија бронза на Европското првенство во карате

Каратистите Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ освоија два бронзени медали на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори, кое се одржа во Ларнака, Кипар.

Македонските каратисти се натпреваруваа во дисциплините У21 кумите -84 и +84.

Трајковски во својата категорија се натпреваруваше со натпреварувачи од Италија, Португалија, Хрватска, Украина и Белгија. Додека Стојановиќ против натпреварувачи од  Грузија, Ирска, Чешка, Италија и Словачка.

На ова првенство настапија 1.114 каратисти од 48 држави.

Scroll to Top