Свештеник од Мичиген, Џералд Џонсон, на „Тик ток“ објави видео во кое тврди дека во 2016 година привремено починал од срцев удар и завршил во пеколот. Рече дека таму видел како ги мачеле грешниците и дека им пуштале музика која предизвика трауми.
„Духот ми го напушти телото. Мислев дека ќе патувам нагоре, во рајот, затоа што правев добри дела во животот. Им помогнав на многу луѓе. Но, наместо таму, завршив во пеколот. Буквално во средината на Земјата“, рече Џералд и објасни како ги мачеле луѓето.
„Еден од нив одеше како куче и имаше изгореници од глава до пети. Имаше ланци на вратот. Го водеше демон“, рече Џонсон и објасни дека ја слушнал песната Umbrella од Ријана.
„Ја слушнал Umbrella од Ријана и Don’t Worry Be Happy од Боби Мекферин. Знам дека песните се инспирација за демоните. Ги користат како инструменти за мачење. За да бидат работите полоши, демонот кој ги пее, намерно грешки за да им предизвика уште поголема болка“, додаде Џонсон.
„Песните ги користат за да ве мачат затоа што не сте го почитувале Бог низ музиката додека сте на Земјата и сте одлучиле да ја почитувате Сатаната“, рече Џералд и објасни дека Господ му се обратил и го вратил назад на Земјата да се фокусира на задачата која му ја доверил.
„Се надеваше дека ќе ги казнам луѓето кои ти наштетија. Тие не се твои, тоа се мои луѓе, а човек кој не сака да прости е човек кој заборавил дека му е простено“, објаснил Џералд што му порачал Господ.
@geraldajohnson1 My experience when I saw hell in February 2016. I’ll never be the same after that. #hell #jesus #unforgiveness #forgive #godsaid #encouragement #geraldajohnson #jesuslovesyou #moveforward ♬ original sound – Gerald Johnson