Леонардо ди Каприо во врска со 19-годишна манекенка од Израел, фановите ја предупредија дека ќе ја остави на 25

Леонардо ди Каприо има нова девојка, пренесоа светските таблоиди. Оскаровецот неодамна е виден во друштво на манекенката Еден Полајни која има само 19 години и е 29 години помлада од него. Биле видени на забава кај пејачката Ебон Рајли.

Полајни е од Израел исто како и неговата бивша Бар Рафаели. Позната е по инфлуенсерството, а на „Инстаграм“ ја следат повеќе од 200.000 фанови.

Најверните уште сега ја предупредија да биде подготвена и дека за некоја година ќе ја остави. Леонардо е познат по тоа што им раскинува на девојките кога ќе наполнат 25 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eden Polani (@edenpolanii)

„Престар е за тебе. Остави го. Зарем не го знаеш каков е?“, биле само некои од коментарите.

Леонардо неодамна беше во врска со Викторија Ламас. Проблемите почнаа кога ги видоа одвоено како излегуваат од клуб. Ламас е ќерка на актерот Лоренцо Ламас и многумина беа изненадени кога ги видоа заедно, затоа што претходно се шпекулираше дека со месеци е во врска со Џиџи Хадид (29).

Scroll to Top