Тревор Ноа се шегуваше за пенисот на Хари на Греми-наградите

Комичарот и водител Тревор Ноа се шегуваше на сметка на принцот Хари на 65. издание на Греми наградите. Ги спомна мемоарите и делот каде принцот пишува за премрзнатиот пенис.

Го повика на сцена Џејмс Карден и рече дека британскиот водител е пример за човек кој може да се пресели од Лондон во Лос Анџелес, а да не зборува за пенисот.

„Џејмс Корден 12 пати доби Еми награда и е водител на емисијата The Late Late Show. Исто така е жив доказ дека маж може да се пресели од Лондон во Лос Анџелес и да не зборува за неговиот замрзнат пенис“, рече Ноа.

За потсетување, Хари во мемоарите објави дека пенисот му замрзнал кога се вратил од експедиција на Северниот пол.

„Тато ми беше многу заинтересиран и сочувствуваше со непријатноста на моите премрзнати уши. Додека ушите и образите се опоравуваа, пенисот не. Секој ден стануваше се поголем проблем”, вели тој во своите мемоари, додавајќи дека тој не сакаше да зборува премногу за неговиот пенис за кој дознал дека му е премрзнат откако стигнал дома.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top