На 104 години почина Бранка Веселиновиќ, најстарата глумица во светот

На 105-години почина српската глумица Бранка Веселиновиќ. Таа беше најстарата актерка во светот.

Бранка е родена 1918 година во Нови Бечеј, а во текот на кариерата играла во повеќе од 100 претстави во театарот и повеќе од 50 телевизиски серии и филмови. Добитничка е на бројни награди и признанија за нејзината актерска и хуманитарна работа.

Веселиновиќ студирала на Актерската школа при Народниот театар во Белград од 1936 година. Во Нови Сад играла до 1940 година, кога се преселила во Белград. Таа покажа голем талент за хумор и сатира. Играла во првата претстава на Југословенскиот драмски театар на 3 април 1948 година во претставата „Кралот на Бетајнова“.

Во Белград играла во Уметничкот, Народниот и Југословенскиот драмски театар. Играла и на сцените на сите белградски театри, а во Америка ја играла главната улога во претставата „Мајка храброст и нејзините деца“ на англиски јазик. Во нејзината матична куќа, Југословенскиот драмски театар, таа одигра над четириесет улоги.

За улогата на Џина во „Ожалостеното семејство“ на Нушиќ, во 1964 година ја доби Стерјовата награда за глума.

Глумицата беше и амбасадор на УНИЦЕФ.

Беше во брак со актерот и преведувач Млаѓа Веселиновиќ (1915-2012). Тие се венчаа на 30 септември 1948 година.

Бранка Веселиновиќ наполни 104 години и стана најстарата актерка во светот

 

Scroll to Top