Познатата српска старлета Сораја Вучелиќ се породи во болница во Швајцарија. Таа родила машко дете кое ќе се вика Кан, пишува српски „Курир“.
Според нивни извори, породувањето поминало добро, а и мајката и синот се чувствуваат одлично.
„Ви благодарам на искрените честитки. Бебето е супер, сè помина во најдобар ред. Не сакам да коментирам повеќе, се надевам ќе ме разберете, сакам да уживам во овој прекрасен момент“, рекла таа за „Курир“.
Сораја се породила во болница во Швајцарија, но наскоро со нејзиното семејство ќе се пресели во Русија.
„Таа ја водеше бременоста во Цирих, таму беше нејзиниот лекар, но наскоро ќе одлета за Москва каде што ќе живее. Ги затвори социјалните мрежи и сега врти нов животен лист“, рекол извор близок до пејачката за медиумите.
За потсетување, во август Сораја доживеа тешка сообраќајна несреќа во Албанија од која, како што пишуваа медиумите, едвај преживеа. Таа имала тешки повреди, скршеници на ребрата и внатрешно крварење по што беше префрлена во Хрватска на итна операција.