Еден од најдобрите српски тенисери, Боба Живојиновиќ, купуваше на пазар во населбата Бежаниска коса во Белград. Тој често доаѓа на затворениот пазар кој се наоѓа во близина на куќата во која што живеат со Брена.
„Иако имаат жена што работи за нив, Боба често пазари сам и секогаш е љубезен со сите што работат на тезгите. Со години доаѓа тука, па се познаваме. Нè поздравува, ќе си направиме ред муабет и си оди. Денеска рече дека Брена го пратила да купи пиле,“ рече за „Репортер“ жена што работи на пазарот.
Таа ни откри дека понекогаш на пазарот доаѓа и Кеба, кој има куќа во близина, а често низ маалото ја гледаат и Александра Пријовиќ. Но, вели дека пејачката повеќе купува во маркетите, а ретко доаѓа да пазари на тезгите кај нив.