Рада Манојловиќ ја прекина соработката со менаџерот и ги откажа сите договорени настапи. Рече дека отсега нејзината сестра Маја води грижа за неа и ќе биде таа која ќе и ги организира свирките.
„Самите знаете дека дојде до прекин на соработката со менаџерот и морав да ги откажам сите настапи. Невозможно е да работам под такви услови и притисок како до сега. Поради неможноста да контактирам со организаторите во Ниш, би сакала да ги замолам сега да се јават кај сестра ми“, рече Рада.
Некои од медиумите во Србија пренесоа дека пејачката намерно ја избрала сестра ѝ за нов менаџер, за да може целата заработка од свирките заврши кај нив. Се очекува заработка и од 160.000 евра.
„Маја не ми е само сестра. Таа ми е најдобра пријателка и рамо за плачење. Отсега ќе ми биде и менаџерка. Ме шминка и ме советува што да облечам за настап. Единствена е која се грижи за мене кога е во прашање мојот интерес. Сега имам најубава и најдобра менаџерка која ме форсира побрзо да објавам нова песна, затоа што имам многу кои ми се во фиока“, рече Рада.
Маја рече дека нема да дозволи никој да манипулира со сестра ѝ.
„И порано зборувавме за мојот деловен ангажман, но поради приватни обврски не успеавме да се договориме. Сега знам дека парите ќе останат кај нас дома. Нема да дозволам никој да манипулира со сестра ми. Заедно ќе одиме на настапи. Ќе имаме нов клавијатурист и возач кој ќе не вози“, рече Маја.