(Видео) Новинари и инженери рекоа дека и Путин го предвидел доаѓањето на вонземјаните

За трите соборени мистериозни објекти во САД, во утринската програма на телевизијата на српски „Курир“ зборуваа Драган Вујичиќ, новинар на „Вечерни новости“ и Горан Маријановиќ, инженер по електротехника. Вујичиќ рече дека рускиот претседател Владимир Путин уште претходно зборувал и предупредил на мистериозни објекти забележани над Хаваите.

„Не се работи за инвазија на вонземјани иако тие навистина постојат. Веројатноста дека постојат планети слични на Земјата на кои има услови за развој на животот е 10 на 22. Само бројката 22 е со 22 нули. Постоењето на други цивилизации не може да се исклучи. Но, на основа на овие објекти не може да се зборува за тоа, затоа што вонземјаните располагаат со далеку понапредна технологија од оваа која е соборена. Тука се работи за некоја комбинација на прастари цепелини, кои имаат некои помоќни мехнизми. Нивната цел е пуштање на бројни балони“, рече Марјановиќ.

И Вујичиќ смета дека во ситуацијата со соборените објекти во САД не станува збор за вонземјани. Но и додаде дека во последно време нешто необично се случува и дека се приметени објекти кои навистина може да потекнуваат од друга цивилизација.

„Не знам што се случува. Најголемата збрка ја направи генерал Ван Херк, кој веста ја објави на паузата на „Супербоул“. Луѓето го гледаа финалето и навистина мислеа дека падна Супермен или Спајдермен. Но, не е тоа. Во моментов треба да се биде внимателен, затоа што во последно време навистина се забележани необични објекти“, рече Вујичиќ и додаде дека за пријавеното НЛО неодамна зборувал и рускиот претседател Владимир Путин.

„За тоа зборуваше и Путин кога во Волгород на 2 февруари рече дека е забележано вистинско НЛО за што пишуваше и „Гардијан“. Од три цивилни авиони се забележани топки кои го менуваат светлото. Видеата се направени над Хаваи, а на едно од нив се гледа како еден од објектите испалува ласерски куршуми. Тоа се случи пред 15 дена. Најтајниот руски сателит исто така се распадна на 22 парччиња на 5 јануари годинава. Нешто навистина се случува, а во случајот со соборениот балон над САД, не се работи за вонземјански објекти“, рече Вујичиќ.

За потсетување, за соборените објекти стигна потврда и од официјалните лица во САД, Пентагон и Белата куќа, но оттаму велат дека засега не постојат докази за некакви вонземјански активност.

„Засега не постојат докази за такво нешто“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан Пјер, кога зборуваше за соборените мистериозни објекти кои летаа над САД.

Советникот на американскиот претседател Џон Кирби рече дека морнарицата е во процес на извлекување на кинескиот балон за набљудување кој беше соборен кај брегот на Јужна Каролина.

Рече дека засега нема докази дека објектите биле наменети за шпионски активности, но и дека тоа не може да биде исклучено.

НЛО летало над чувствителни и важни објекти и локации над САД, потврдија од Пентагон, а пренесе „Си-ен-ен“

 

Scroll to Top