Лејди Гага објави прва фотографија од филмот „Џокер“, во кој ја игра главната улога

Пејачката Лејди Гага (36) доби нова филмска улога, како Харли Квин во филмот „Joker: Folie à deux“, второто продолжение на Џокер од 2019 година.

Сега првпат на социјалните мрежи покажа како ќе изгледа нејзиниот лик.

„Joker: Folie à deux“ е новото продолжение на филмот Џокер, а главната улога ја толкува Хоакин Феникс. Филмот од неговото прикажување заработи милијарда долари. Токму за оваа улога Феникс го доби Оскарот за најдобар актер.

Фотографиите со Лејди Гага во нејзината нова улога ги сподели и режисерот на филмот, Тод Филипс. Режисерот и пејачката работеа заедно на филмот „A Star Is Born“. Вториот дел од филмот моментално се снима во Њујорк и Лос Анџелес, а на малите екрани треба да се појави на 4 октомври 2024 година.

 

Scroll to Top