Девојчето кое успеа да го спаси брат ѝ под урнатините во Сирија може да остане без ногата, пренесе „Гардијан“. Петгодишната Џихан беше заглавена во купот отпад и бетон кој падна врз неа по силниот земјотрес кој го погоди селото Харем во сириската провинција Идлиб.
Додека била под урнатините го тешела деветмесечниот брат Абдула. До нив била и мајка им која сакала да ги прегрне за да ги заштити.
Прв кои ги видел бил началникот на локалната полиција Рахал. Можел да ја види само раката на Џихан, која била прикована за бетонска плоча и имала железна прачка во нејзината нога.
„Ве молам, тргнете не одовде“, ги молела Џинан спасувачите. „Немаше време за губење“, раскажува Рахал кои се обидел да ги ослободи, но откако сфатил дека не може сам побарал помош од колегите.
Ги снимил двете заробени деца, а видеото им го испратил на колегите од полицијата, барајќи од нив да интервенираат. Видеото стана вирално на „Твитер“ и симбол на трагедијата во Идлиб.
„Моите луѓе пристигнаа веднаш и ми помогнаа да го отстранам малиот Абдула, кој за среќа имаше само неколку ситни гребнатинки. Но, проблемот беше Џинан. Таа беше прикована за бетонска плоча и имаше железна прачка забодена низ нејзината нога“, рече Рахал.
„За да го подигнеме бетонскиот блок што го попречуваше, користевме дигалка, каква што кревате автомобил кога треба да смените гума. Успеавме. Но, Џинан сепак ја имаше таа железна прачка заглавена во нејзината нога. Мораше да се пресече“, додаде тој.
Работите станале пострашни кога афтершокови повторно го погодиле селото. Она малку што останало од зградите почнало да се руши.
Heartbreaking – A Syrian girl is seen trapped w/ her baby brother under the ruins: “Get me out of here and I’ll be your servant”
After 17 hours the rescue teams reached them & she said: “Get me out of here and I’ll do whatever you want for you (I’ll be your servant)”
[Abu Ali] pic.twitter.com/mK4lNLPN12
— Adam Albilya – אדם אלביליה (@AdamAlbilya) February 7, 2023
„Немавме избор. Ризикувавме да умреме и да го изгубиме детето. Затоа, решивме да го направиме она што никогаш не сакавме, да ја извадиме додека ногата сè уште и беше набиена на прачката“, додаде тој.
Во вторникот околу 2 часот по полноќ, по речиси 22 часа под урнатините, девојчето е спасено.
Една недела по спасувањето, Гардијан ги посети во болницата претворена од поранешно училиште каде што се лекуваа повредени деца од Харем. Абдула спиеше завиткан во волнено ќебе додека Џинан лежеше, сè уште со болки, на креветот.
„Раната на нејзината нога е многу сериозна. Џинан можеби никогаш нема да оди како порано. Можеби ќе бидеме принудени да и ја ампутираме ногата“, рече нејзиниот лекар Ваџих ал Карат.
Двете деца биле доверени на пра-вујкото и неговата сопруга.
„Тоа е трагедија“, додава тој. „Џинан знае дека останала сама со својот брат. Но, гледате дека и овие деца овде, до креветот на Џинан, се сираци. И повеќето од нив се уште се прашуваат каде се нивните родители и кога ќе дојдат. Прво, сакаме да се однесуваме добро со нив. Тогаш, во одреден момент, ќе бидеме принудени да им кажеме дека и тие станале сираци“, рече Карат.