Бугарскиот рапер Иван Динев – Устата вели дека добил преку 100 смртни закани откако објавил песната со порака за Македонија.
„Здраво, како постапувате кога ќе добиете смртна закана и што правите ако ги има повеќе од 100? Прашувам за пријател“, напиша раперот на Фејсбук.
Следбениците на Устата велат дека смртните закани се поради текстот на песната која тој ја промовираше пред три дена на својот личен профил и ја нарече „Лекција за Македонија“.
„Слушајте внимателно мили соседи, првата лекција по македонска историја – тоа не е држава туку територија. Малечка провинција со големи амбиции која пораснала со бугарски традиции. Со бугарски корени се сите дрва до 1945 година. Македонскиот јазик е дијалект на бугарскот“, се само дел од навредливите стихови на бугарскиот рапер.