Актерката и комичар Ребел Вилсон се сврши со нејзината партнерка Рамона Агрум. Ѕвездата на филмот „Питч перфект“ ја сподели среќната вест со фановите на социјалните мрежи.
„Рековме да“, напиша актерката под фотографиите на кои двете позираат во Дизниленд.
View this post on Instagram
Ребел го покажа и својот дијамантски веренички прстен кој и го подарила на својата вереница. Странските медиуми пишуваа дека Ребел и Рамона се вериле минатата година, но двојката сега официјално ја потврдува веста на социјалните мрежи.
Австралиската ѕвезда претходно беше во врска со наследникот на Бадвајзер и основач на Napp’s Dairy Free Ice Cream, Џејкоб Буш, но тие се разделија во февруари 2021 година. Подоцна, Ребел призна дека е вљубена во девојка.
Инаку Ребел минатата година стана мајка, доби ќерка од сурогат мајка.