Обвинителите во Санта Фе, Ново Мексико, ги отфрлија обвиненијата за оружје против холивудскиот актер Алек Болдвин, што значи дека ќе ја избегне максималната казна со која се соочи за смртта на камерманката Халина Хачинс, објави порталот ТМЗ.
На Болдвин му се закануваше затворска казна од најмалку пет години, а по новата одлука ќе му се суди само за убиство од небрежност, за што е предвидена казна затвор од 18 месеци, а ТМЗ наведува дека судијата може да изрече полесна казна, вклучително и условна казна.
Во текстот се посочува дека Болдвин ја добил правната битка со обвинителството, кое го товари според законот што бил усвоен седум месеци по трагичниот настан на снимањето на филмот, наместо да го применува законот што важел во тоа време кој предвидува дека обвинението за употреба на огнено оружје може да се подигне само доколку е употребено со намера да се изврши кривично дело, што Болдвин не го сторил.
Обвинителството мораше да го повлече обвинението за употреба на огнено оружје против Хана Гутиерез Рид, која беше задолжена за реквизитите во филмската екипа.
За време на снимањето на филмот, Болдвин пукал од пиштол кој, како што се испостави, содржел боева муниција, убивајќи ја камерманката Халина Хачинс и ранувајќи го режисерот Даниел Соуз.